Премиер лигата не памети голгетер како него: Халанд најбрз до 100 гола!

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиер лигата не памети голгетер како него: Халанд најбрз до 100 гола!
фото: Premier League (X)

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја стигна границата од 100 гола во Премиер лигата.

Норвежанецот го постигна својот 100-ти гол во англиското првенство, отворајќи го резултатот во 17-тата минута од натпреварот против Фулам.

Халанд го игра својот 111-ти настап во Премиер лигата, со што го сруши рекордот на Алан Ширер од 124 настапи за да достигне 100 гола.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата