Поради повредите Радванска го „закачи рекетот на клин“

" alt= " alt=

Полската тенисерка, Агњешка Радванска (29), поранешната втора најдобра тенисерка на светот, официјално го „закачи рекетот на клин“.

Трофејната тенисерка се прости од активното играње тенис оти нејзиното стапало, нејзиното тело, повеќе не можеше да ги издржи напорите кои ги бара професионалниот спорт.

Таа по 13 години натпреварување одлучи да ја заврши кариерата, а притоа истакна дека во неизбришливо сеќавање ќе и остане одиграното финале на Вимблдон.

„За жал веќе не можам да тренирам и да играм како што сум навикната, моето тело не може да одговори на предизвиците. Стапалото на левата нога од трчањето ми е уништено, не може да издржи. Имам грчеви сред ноќ, не помагаат ни инекции“ – вели Радванска.

Агњешка Радванска е првата полска тенисерка која играла Гренд слем финале и прва која освоила ВТА титула, а во кариерата ги имала вкупно 20.

„Во текот на кариерата секогаш се трудев својата земја да ја преставувам на најдобар начин. Се надевам дека моите тениски натпревари носеа радост за сите“ емотивно истакна Радванска при објавата за крај на кариерата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари