Некогашната звезда на тимот на Челзи, но и репрезентативец на Бразил, Оскар, ја завршува кариерата на 34. годишна возраст.
Причината за ова е проблемите кои лекарскиот тим ги увиделе при рутинскиот преглед, а се однесуваат на срцето на фудбалерот.
Препорачано му е веднаш да престане со активно играње, поради можни компликации.
Оскар во зенитот на кариерата одлучи да замине во Кина, која што во тој момент собираше големи звезди во нејзината лига за огромна сума на пари.

