РЕАЛ ПОТВРДИ

ОФИЦИЈАЛНО:Роналдо оди во Јувентус

Португалската супер ѕвезда, Кристијано Роналдо ја завршува својата успешна приказна со Реал Мадрид и се сели во италијанскиот шампион Јувентус.

Оваа информација попладнево ја соопшти кралскиот состав што значи сите информации кои изминативе денови се вртеа во јавноста дефинитивно се потврдија. Реал му се заблагодари на Кристијано за се што направи за тимот од 2009 година и воедно му порача дека ќе биде симбол, икона која никогаш нема да биде заборавена.

Точната сума за зделката меѓу Реал и Јуве не е објавена, но голем број од медиумите пренесоа дека станува збор за 105 милиони евра. Петкратниот добитник на „Златната топка" треба да потпише четиригодишен договор според кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Ова за Роналдо ќе биде прво искуство во Серија А, претходно тој играше за Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари