Новак Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на Европа 2018 година...


Новак Ѓоковиќ денес избран за најдобар спортист Европа 2018 година, во избор учествувале 23 новински агенции, во организација на Полските новински агенции.

Новак Ѓоковиќ освоил 145 бода.

Втор во изборот бил капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска Лука Модриќ со 132 бода.

Петострук светски шамион во Формула 1, возачот на Мерцедес Британецот Луис Хамилтон го зазел третото место со 114 бода.

Чешката скијачка Естер Ледецка го зазела четвртото место, а пети бил францускиот биатлонез Мартин Фуркад, додека шестото место го зазел австрискиот скијач Марсел Хиршер.

Норвешката скијачка Марит Бјергерн била седма, францускиот фудбалер од Атлетико Мадрид Антоан Гримзан го зазел осмото место, францускиот атлетичар Кевин Мајер бил девети, додека 10. место го делеле романската тенисерка Симона Хелет и полскиот такмичар во ски скокови Камил Штох.

Најдобри спортист на Европа ПАП се избираат уште од 1958 година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари