Нов скандал во Русија: Кога ќе дознаете со колку алкохол и дрога во крвта возеле двајцата фудбалери ќе се онесвестите (ФОТО)

Двајца фудбалери на Крилја Совјетов уапсени во иста ноќ поради возење во алкохолизирана состојба и со конзумирани наркотици.

Двајца фудбалери на рускиот прволигаш Крилја Совјетов се уапсени во една ноќ од руската полиција поради возење во алкохолизирана состојба. Кај едниот фудбалер во крвта имало трипати поголемо количество алкохол од дозволеното, а кај другиот покрај алкохол имало и присуство на наркотици.

Станува збор за Евгениј Башкиров, фудбалер од средниот ред на тимот кој бил запрен од полицијата во ноќта меѓу сабота и недела. Фудбалерот на тимот бил приведен, па пуштен од полицијата по направените медицински тестови.

Подоцна стана познато дека во полиција завршил уште еден фудбалер на истиот руски прволига од Самара.

Станува збор за новото засилување на клубот оваа сезона, Георгиј Тигиев. Тој бил задржан во полиција поради возење во пијана состојба, но во крвта на Тигиев е пронајдено и присуство на наркотици.

Поврзани

Најнови вести

Коментари