Ништо од спектаклот – дождот го одложи „Суперкласико" меѓу Бока и Ривер (ФОТО)

Првиот натпревар од финалето на Копа Либертадорес меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт нема да биде одигран поради натопениот терен на „Бомбоњера".

Суперкласико, еден од најголемите дербија на светот, требаше да почне во 21 часот по наше време, но обилните дождови ги влошија условите.

Според тоа, натпреварот требаше да почне со задоцнување, но условите во Буенос Ајрес биле такви што челниците и организаторите се одлучиле да го одложат.

Судиите излегле на терен, и виделе дека топката не може доволно да отскокнува, а во тој момент повторно почнала бурата и одложувањето било неминовно. Новиот термин би требало да биде утре во 20 часот по средноевропско време.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари