„Никој не веруваше дека Аморим ќе биде тренер“

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Никој не веруваше дека Аморим ќе биде тренер“
фото: Manchester United (X)

Српскиот фудбалер Љубомир Фејса имаше интересна изјави за сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим со кого соработуваше во Бенфика.

Додека го носеа дресот на Бенфика, тие успеаја двапати да го освојат португалското првенство во сезоната 2013/14, како и една година подоцна, како и два Лига купа и еден Куп.

„Кога почна да тренира, реков: „Како е тоа можно?“. Секогаш се шегувавме, се шегувавме во соблекувалната, правевме многу работи. Сега е сериозен, знаете? Тој е тренер, мора да биде сериозен. Секогаш се шегуваше, но се снаоѓа многу добро. Рубен е врвен тренер, не мислам дека некој веруваше дека ќе стане таков. Зборуваше за тактики, но шегувајќи се, во соблекувалната“, рече Фејса.

Српскиот фудбалер остана подолго во редовите на тимот од Лисабон, додека Аморим ја заврши кариерата во тимот на Ал Вакра од Катар.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата