Невидена евро-бламажа на Реал – ЦСКА ги победи со 0:3 сред Мадрид! (видео)

Цела среќа, Реал Мадрид веќе го имаше обезбедено првото место во групата Г од Лигата на шампионите, но тимот кој ги освојуваше трите последни титули во европската елита, ретко кога бил така избламиран на „Сантијаго Бернабеу“ во евро-меч како во средата навечер.

ЦСКА Москва, тимот кој успеа да ги победи со 1:0 на гостувањето во Русија, направи вистинско чудо и ги совлада „кралевите“ со 0:3 на нивни терен, зголемувајќи го притисокот на тренерот Сантијаго Солари, кој неодамна го смени Хулен Лопетеги на кормилото на тимот.

Ова е најтежок домашен пораз во историјата на Лигата на шампионите за „кралскиот клуб“, бидејќи претходно овој рекорд го имаше Баерн Минхен, кој го совлада со 4:2 во 2000 година. Поразот исто така е прв во групните фази на домашен терен од 2009 година – и уште една неверојатна статистика, досега во 252 меча во европските натпреварувања на „Сантијаго Бернабеу“, Реал никогаш не загубил со повеќе од два гола разлика!

Фјодор Чалов во 20-тата минута, Георгиј Шчеников во 43. минута и Арнор Сигурдсон во 73. минута го совладаа беспомошниот Тибо Куртоа, кој сигурно ќе ја памети оваа бламажа.

За ЦСКА победата не носи ниту пласман во Лига Европа, откако и Викторија Плзен со 2:1 го совлада тимот на Рома во уште еден меч без голема вредност.

Фото: ЕПА

ГРУПА Г

Викторија Плзен – Рома 2:1

Реал Мадрид – ЦСКА Москва 0:3

Табела: 1.Реал Мадрид 12, 2.Рома 9, 3.Плзен 7, 4.ЦСКА Москва 7

извор: Makfax

Најнови вести

Коментари