Монако му врачи отказ на Жардим

" alt= " alt=

Фудбалскиот клуб Монако, во четвртокот, потврди дека тренерот Леонардо Жардим добил отказ. Португалецот во „малото кнежевство“ пристигна во ју ни 2014 година и до оваа сезона со Монако оствари одлични резултати, а успеа да стигне и до финалето во Лигата на шампионите.

„Благодарен сум и горд што бев тренер на монако четири години. Секогаш давав се од себе и работев со голема страст, остваривме големи победи, на тоа секогаш ќе се сеќавам“, рекол Жардим.

Монако катастрофално влезе во новатат сезона, со два порази во Лигата на шампионите, а во првенството на Франција, во првите девет кола, освија само шест бода.

Јавноста шпекулира дека Жардим на клупата ќе го наследи Тијери Анри. Легендарниот напаѓач токму во Монако ја започна својата блескава кариера.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари