Младите со слатка одмазда против Гибралтар

" alt= " alt=

Младата репрезентација на Македонија му се одмазди на Гибралтар за шокантниот пораз на гостувањето со 6:1 победа да ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2019 година.

Во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, нашата репрезентација стигна до водство од 2:0 уште во првото полувреме, за во вториот да даде уште четири гола на аутсајдерот, а Димитар Митровски беше најуспешен со хет-трик.

Со овие три поени Македонија го завршува натпреварувањето на претпоследното место пред Гибралтар со 7 поени во 10 меча, додека пласман на ЕП обезбеди Србија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари