Мбапе: Платите на фудбалерите се непристојно високи

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, чиј трансфер од Монако е платен вкупно 180 милиони евра, смета дека тој и неговите колеги имаат превисоки плати.

Мбапе заедно со Едисон Кавани и Нејмар се наплатени играчи во Франција и вели дека како дете не ни сонувал дека еден ден толку ќе заработува.

-За мене, кој израснав во прилично скромни услови, ваквите заработки се претерани. Вистина е дека платите се непристојни, но таков е пазарот. Светот на фудбалот така фунцкионира. Свесен сум дека нема да донесам револуција со ова што ќе го кажам. Јас исто така сум во системот. Треба само да се знае како да се почитува сето тоа и да се остане на свое место, рече францускиот репрезентативец.

Платата на Мбапе се проценува на околу 320.000 евра неделно. Меѓутоа, младиот напаѓач е често во хуманитарни акции.

Поврзани

Најнови вести

Коментари