Лионел Меси продолжува да ги полни мрежите (ВИДЕО)

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лионел Меси продолжува да ги полни мрежите (ВИДЕО)
Фото: ФЦ Интер Мајами/Твитер

Интер Мајами забележа импресивна победа од 5-1 над Њујорк Ред Булс во МЛС-лигата.

На овој начин тимот од Мајами се доближи на седум бода до лидерот Синсинати во Источната конференција, и има три натпревари помалку поради учеството на Светското клупско првенство.

Хавиер Маскерано можеше да смета на сите свои големи ѕвезди во лицето на Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Њујорк никогаш не замислуваше дека можат да се срушат на таков начин по позитивниот почеток. Меси повторно се запиша во листата на стрелци, постигна два гола, двата во второто полувреме. Додека пак Алба на почетокот израмни на 1-1, по што следеа два погодоци на Теласко Сеговија за 1-3.

Во следниот натпревар, Интер Мајами ќе игра токму со лидерот во Источната конференција Синсинати.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата