Летечкиот Кире: Цела арена во Нант му се поклони на Лазаров (ВИДЕО)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се опорави од повредата и во одлична форма се врати во екипата на Нант. Пласманот на фајнал фор турнирот во Келн е најголемиот успех за тимот на Лазаров.

Македонскиот интернациконалец постигна еден од најефектните голови за Нант во последното коло од француското првенство. Во завршните моменти од последниот висок триумф над Иври, Лазаров со еден потег потсети на настапите во репрезентацијата и ги крена навивачите на Нант на нозе. 

Кире изведе двоен цепелин со десното крило на Нант-Давид Балагер, и во елегантен стил го матираше противничкиот голман. Овој погодок на Лазаров се најде на второто место на најдобри погодоци на колото во Франција, а покрај него во ова друштво се најдоа и: Адриан Дипанда, Силвиан Хоче, Уве Генсхајмер, Александре Трита.

Ракометарите на Тиери Анти во домашниот шампионат се наоѓаат на третата позиција зад Монпелје и ПСЖ. Овие три француски клубови заедно со македонскиот шампион Вардар ќе бидат дел од завршницата на ракометната Лига на шампиони.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари