Леброн ги растури „своите“, нов пораз на шампионите (Видео)

" alt= " alt=

Леброн Џејмс блескаше против Мајами, Демијан Лилард против Портланд, Никола Вучевиќ одигра уште еден маестрален меч, а шампионите Голден Стејт Вориорс ја потврдија кризата со новиот пораз.

ЛА Лејкерс, предводени од Џејмс, го победија Мајами Хот 113:97. Џејмс го одигра својот најдобар натпревар во новиот тим и со 51 поен, осум скока и три асистенции, го прегази тимот со кој ја освои првата НБА титула.

Црногорецот Вучевиќ, беше на асистенција до трипл-дабл. Забележа 28 поени, 10 скока и девет асистенции во победата на Орландо Меџик над Њујорк Никс 131:117.

Прв пат во клупската историја Орландо постигнале повеќе од 130 поени на два натпревари по ред.

Портланд Трејлблејзерс победија во дуелот со Вашингтон Визардс 119:109. Демијан Лилард го предводеше тимот со 40 поени, Си-Џеј Мекалум уфрли 25, а одличен меч одигра репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ (13 поени, 14 скока, осум асистенции).

Голден стејт Вориорс го забележаа шесттиот пораз од почетокот на сезоната. Вориорс беа поразени во Сан Антонио 104:92. Ламаркус Олдриџ забележа 24 поени и 18 скока, а Демар Дерозан 20 поени за Спарс, додека Ворирс ги предводеа Кевин Дурент со 26 и Клеј Томпсон со 25 поени.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари