ЛЕ: Астана го реши Јаблонец во 88.минута, Фенербахче со Елмас го скрши Андерлехт за 3 минути

" alt= " alt=

Тимот на Астана од Казахстан со голот на Постников во 88. минута го совлада тимот на Јаблонец од Чешка, во натпревар од 4. коло во Лигата на Европа. Конечниот резултат е 2:1. Претходно резултатот во 18. минута го отворија домаќините со голот на Педро Енрике, по што следеше погодок за гостите преку автоголот на Заинутдинов, во 41. минута.

Во вториот натпревар од денешната програма во ЛЕ што заврши предмалку, Фенербахче во Истанбул за 3 минути во вториот дел го скрши отпорот на белгиски Андерлехт. Првиот гол за домаќините беше дело на Валбуена во 71. минута, а конечните 2:0 ги постави Фреј само три минути подоцна.

Цел натпревар за тимот од Истанбул одигра нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари