Конте: Нема да водам ниту еден клуб до крајот на сезоната

Италијанскиот експерт Антонио Конте порача дека нема да преземе ниту еден клуб пред летото идната година.

Конте, кој се уште е на платен список на Челси, по предвременото раскинување на договорот беше во конкуренција да стане тренер на Реал, но Мадриѓаните ги одбија неговите барања.

Конте, без оглед што медиумите го доведоа во врска со шпанскиот клуб, сепак преферира да се врати во Италија.

-Реал Мадрид? Како што ми се чини, подобро е да чекам до крајот на сезоната отколку да влетам во воз кој се движи, објасни Италијанецот.

Рече дека секогаш е подобро да се почне со работа од почетокот на сезоната.

Поврзани

Најнови вести

Коментари