Колку, навистина, треба да плати Јувентус за Роналдо и од каде ќе стасаат тие пари

Kristijano Ronaldo потпиша договор со Јувентус на 10 јули оваа година, а само во првите 24 часа клубот од Торино продаде 520.000 дресови со неговото име! Веста звучи речиси неверојатно, но кога бројот на дресови се множи со цена од 105 евра колку што е цената на еден од нив Јуве заработил 54,6 милиони евра за само еден ден!

Роналдо е купен од Реал Мадрид за 105 милиони евра, или износ кој Јувентус би требало да го врати со само два-три дена продавање дресови со името на Роналдо но, дали е баш така.

Јувентус настапува со дресови на германскиот Адидас, а од продажбата на дресовите Адидас заработува 80 проценти, ако кон ова се стават трошоци на самата продажба од близу 10 проценти, останува дека Јувентус на своја сметка ќе има само 10 проценти од износот на продадените дресови со бројот 7 и името на Кристијано Роналдо. Според тоа, за да ги врати своите 105 милиони платени кои ги платил на Реал Мадрид треба да се продадат дресови во износ од една милијарда евра, што е тешко за остварување дури и кога Роналдо е во прашање.

Платата е 30 милиони евра годишно или, за три годни, Јувентус треба да му плати нето 90 милиони евра, плус данок. Со тоа, цената за трансферот на Роналдо се искачува над 200 милиони евра. Зработката за враќање на овие пари газдите на Јувентус секако дека ја планирале, и не се потпирале само на заработката од продажба на дресовите, туку и од други извори. Зголемен е бројот на претплатни карти за нивната публика, а цената на претплатните карти годинава е поголема за 12-15% во однос на минатата сезона, а и покрај тоа претплатните карти за цела сезона се речиси распродадени. Патем, главен спонзор на Јувентус е Фиат од Торино, па се очекува раст и на продажбата на Фиат и Џип брендовите кои се во сопственост на компанијата.

Роналдо е скап, но очигледно е магнет за правење пари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари