Хакими не „мрда“ од ПСЖ

22.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хакими не „мрда“ од ПСЖ

Мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими ќе биде дел од тимот на ПСЖ до 2029 година. Ова е епилогот од новиот договор кој десниот бек го потпиша со клубот од Париз, како награда за се она што тој го одигра за него во изминатите сезони.

Хакими пристигна од Интер во 2021 година, а досегашниот договор имаше времетраење до 2026 година. Сепак, клубот и момчето кое што ја мина школата на Реал Мадрид немаат намера да ја менуваат оваа ситуација па затоа Хакими ќе остане уште долго во Париз.

„Сериозно мислам дека во животот не сум видел подобар на десната бековска позиција. Тој има простор за напредок. Огромен потенцијал“ – изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата