Интер во Верона се спаси со автогол

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер во Верона се спаси со автогол

Многу потешко од очекувањата, тимот на Интер попладнево успеа да слави на гостувањето кај Верона со конечни 1:2. Трите бода заминуваат за Милано благодарение на автоголот на данецот Фресе кој што во обид да одбрани во четвртата минута од судиското продолжение од мечот, ненамерно играше со топката која што влезе во голот благодарение на него.

Претходно Интер на време постигна водечки погодок преку Зиелински уште во 16. минута од мечот, но во 40. минута домашните изедначија преку Џоване.

Верона имаше и сериозни шанси да поведе но тоа не се случи, а казната стигна на најлошиот можен начин за домаќинот.

Интер по десет кола има 21. бод на контото, а Верона само пет.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата