ХИТ ВИДЕО: Инцидент на загревањата на Бизнис лигата - новинар погоден со топка во глава

Бизнис лигата веќе неколку години претставува интересно натпреварување во мал фудбал, во кое се натпреваруваат екипи составени од вработени во дел од поголемите македонски компании.

Покрај неизвесноста и атрактивните потези за време на дуелите, понекогаш има и ситуации кои се издвојуваат поради друго.

Таков е и овој „инцидент" објавен на социјалните мрежи на профилите на Бизнис лигата, а во кој настрада новинарот кој разговораше со претставниците на екипите на „Аџибадем Систина“ и „Џонсон Мети“. 

Го погоди топка во глава која се одби од статива додека разговараше со играчите. 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари