Фудбалер на Барнли се соочува со суспензија затоа што плукал кон навивачи на Лидс

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалер на Барнли се соочува со суспензија затоа што плукал кон навивачи на Лидс
фото: Burnley FC (X)

Фудбалската асоцијација (ФА) го обвини фудбалерот на Барнли, Ханибал Мејбри за непристојно однесување, откако наводно плукнал кон навивачите на Лидс за време на натпреварот.

Фудбалерот на Барнли ризикува да биде санкциониран од Англиската фудбалска асоцијација со суспензија на неколку натпревари. ФА објави дека Тунижанецот е обвинет за плукнување кон или во правец на навивачите на Лидс во 67-мата минута кога Барнли гостуваше кај Лидс на 18 октомври.

Фудбалерот има рок до петок, 28 ноември, да одговори на обвиненијата. 22-годишниот играч од средниот ред со историја во Манчестер Јунајтед досега одигра 10 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата