Француската репрезентација во полуфинале на СП со дванаесет фудбалери во дуелот со Белгија, 'дванаесетката' е... (фото)

Фудбалскиот сојуз на Франција нарачал авион за семејствата на француската репрезентација за да можат да присуствуваат во полуфиналето на СП во Санкт Петербург. Мегу повиканите е и познатата глумица и манекенка Памела Андерсон , соопштил сајтот на списанието "Екип".

Памела Андерсон, е поканета од ФС на Франција за да го изненади одбрамбениот играч Адил Рамија која и му е пријателка, но ќе биде ли само тој изненаден или и единаесетка на француската репрезентација, а де не збориме и за цел еден стадион со навивачи - сепак Памела е големо име но и со големи атрибути, модерно кажано подобар "допин" за фудбалерите здравје.

Инаку, предходно од Елисејската палата соопштиле дека и претседателот на Франција Емануел Макрон ќе дојде да се придружи на француската репрезентација во полуфината утакмица во Санкт Петербург. Потпаролот на Кремаљ Димитриј Песков изјавил за Спутник дека Москва го поздравува доаѓањето на Макрон во Русија за СП во фудбал, исто така информирал дека средба меѓу Путин и Макрон не е предвидена.

Утакмицата Франција – Белгија се игра на 10 јули во Санкт Петербург на која ќе присуствува и белгискиот министер за надворешни работи Дидиј Рендес, кој исто така бил на утакмица во четвртфиналети со Бразил во Казањ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари