Франција со 4:2 ја порази Хрватска и освои злато на мундијалот во Русија

Селекцијата на Франција со два гола разлика  ја совлада Хрватска во големото финале на Светското првенство во фудбал кое што се играше во Русија. Франција со оваа победа заработи злато по втор пат на Светските првенство, откако прв пат славеа пред 20 години на домашен терен.

Резултатот го отворија Французите преку автогол на Манџукиќ, по центаршут на Гризман во 18. минута од натпреварот.

Хрватите се вратија во игра со голот на Иван Перишиќ 10 минути подоцна, но во 38. минута, Гризман погоди од удар од белата точка за водство на „триколорите“, резултат со кој што се замина на полувреме.

Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ја зголеми предноста за Франција во 59. минута, а шест минути подоцна, Мбапе зголеми на 4:1.

Конечните 4:2 ги постави Манџукиќ по една грешка на голманот на Франција, Хуго Лорис.

Ова е најдобар пласман за хрватската репрезентација на Светските првенства, по третото место во 1998 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари