Попладнево беше доста емотивно во Валенсија на стадионот “Местаља“ каде домашниот состав успеа со 4:2 да слави над Бетис. Македонецот Столе Димитриевски одново беше на клупата, сепак мечот го одбележаа силни емоции посветени на жртвите од катастрофалните поплави кои пред неколку недели го зафатија тој регион во Шпанија.
Трибините на “Местаља“ беа преполни и им се одаде почит на сите настрадани.