ФФМ со номинации за најдобрите во 2018 година

" alt= " alt=

Фудбалската федерација на Македонија ги објави номинациите за најдобрите за 2018 година. Како и секоја, така и оваа година се избира најдобар фудбалер од ПМФЛ, како и фудбалер кој Македонија најдобро ја претставил во странство.

За најдобар фудбалер во Првата лига номинирани се Бесарт Ибраими и Висар Муслиу од Шкендија, и Љупчо Дориев од Академија Пандев.

Најдобриот млад фудбалер ќе се избира меѓу Енис Фазлагиќ од Шкендија и Арбин Зејнулаи и Бојан Колевски од Вардар.

Нај фудбалерката на годината ќе се одбира меѓу Ленче Андреевска и Афродита Салихи од Драгон и Александра Ристовска од Тиверија.

За најдобар тренер во женскиот фудбал се номинирани Илија Мандаров (Драгон), Славе Велков (Тиверија Струмица) и Кирил Изов (Истатов), а за најдобар тренер во футсал номинирани се Марјан Стефановски (Велес), Гафур Асани (Јувентус Серава) и Зоран Лекиќ (Шкупи).

За најдобар тренер во младинскиот фудбал ќе се избира меѓу Беким Османи (Шкендија), Берат Имери (Шкендија) и Александар Стојанов (Академија Пандев), а за најдобар футсал играч ќе се борат Иљбер Алили (Шкупи), Дарко Ранготов (Велес) и Горан Арсовски (Кратово).

За најдобрите во мак фудбал ќе се гласа на интернет страницата на ФФМ, а гласањето ќе биде отворено до 11 декември.
Прогласувањето на најдобрите ќе биде на 21.декември.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари