Џон Тери ја заврши кариерата

" alt= " alt=

Прославениот англиски фудбалер, Џон Тери, објави дека ја завршил професионалната кариера.

Тери кој што има 38 години е „дете“ на Челси и во овој клуб ја минал речиси целата своја кариера. Последната сезона ја одигра во Астон Вила, а откако не успеа да најде ангажман за оваа сезона реши да ја прекине професионалната кариера.

„По 23 неверојатни години како фудбалер, решив дека сега е вистинско време да се повлечам“, рекол Тери.

Џон Тери за Челси одиграл 702 натпревари, постигнал 65 гола, а на теренот минал вкупно 60.451 минута.

Со „сините“, Тери успеа да го освои сите трофеи во клупската конкуренција, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари