„Диви бакнежи“ од страна на хрватската претседателка

Германските медиуми посветија големо внимание на однесувањето на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на финалниот меч на Светското првенство во фудбал.

Највлијателниот европски дневен весник „Билд“ пишува дека Колинда „го украла шоуто“ со своето однесување и ја нарекуваат „Претседателката Љубовиќ”. Тие велат дека дури и победничкиот пехар не бил поштеден од бакнежот на хрватската претседателка која направи „лудо шоу“, поради што била „повпечатлива” и од светските прваци во француската репрезентација.

Колинда едноставно мораше да ги бакне сите – и францускиот претседател Емануел Макрон и судиите и хрватските играчи, но и француските фудбалери.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари