Челси и Ајнтрахт Франкфурт остануваат „совршени“ во Лига Европа (видео)

epa07151648 Chelsea's Oliver Giroud (C) celebrates a score with teammates during the UEFA Europa League group match between Chelsea FC and FC BATE Borisov in Borisov, Belarus, 08 November 2018. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH epa07151648 Chelsea's Oliver Giroud (C) celebrates a score with teammates during the UEFA Europa League group match between Chelsea FC and FC BATE Borisov in Borisov, Belarus, 08 November 2018. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Челси со голот на Оливие Жиру стигна до важна гостинска победа од 1:0 против БАТЕ Борисов во Белорусија, додека Ајнтрахт Франкфурт издржа за 2:3 победа на гости во Кипар кај Аполон за да го задржат стоотстотниот успех во Лига Европа по четири кола.

Оливие Жиру во 53. минута доби одлична топка од Емерсон за со глава да го совлада голманот на БАТЕ во студената Белорусија за Челси да има 12 поени по четири меча. МОЛ Види на македонскиот репрезентативец Бобан Николов пак, со 1:0 ги победи ПАОК во вториот меч од групата Л, за унгарскиот тим да се искачи на второто место со шест поени.

Освојувачот на германскиот куп, Ајнтрахт Франкфурт со 3:2 го совлада Аполон во Лимасол откако водеше со 0:3, за да остане на првото место во групата Х, пред Лацио, кој со 2:1 го совлада Марсеј за да осигура двата клуба да го осигураат пласманот во наредната фаза.

Глазгов Ренџерс имаше 3:2 водство кај Спартак Москва во групата Г, за да загуби со 4:3 и да ја искомпликува ситуацијата во групата Г, каде што Рапид Виена одигра 0:0 со Вилјареал. Шпанскиот клуб останува прв со 6 поени, по пет имаат Ренџерс и Спартак, а и Рапид е во игра со 4 поени.

Фото: ЕПА

ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО

ГРУПА Г

Рапид Виена – Вилјареал 0:0

Спартак Москва – Глазгов Ренџерс 4:3

Табела: Вилјареал 6, Ренџерс 5, Спартак М 5, Рапид В. 4,

ГРУПА Х

Аполон – Ајнтрахт Франкфурт 2:3

Лацио – Марсеј 2:1

Табела: Ајнтрахт 12, Лацио 9, Марсеј 1, Аполон 1

ГРУПА И

Генк – Бешикташ 1:1

Малме – Сарпсборг 1:1

Табела: Генк 7, Сарпсборг 5, Малме 5, Бешикташ 4

ГРУПА Ј

Акхисар – Севилја 2:3

Краснодар – Стандард Лиеж 2:1

Табела: Севилја 9, Краснодар 9, Стандард Лиеж 6, Акхисар 0

ГРУПА К

Динамо Киев – Рен 3:1

Табела: Астана 8, Динамо К. 8, Рен 3, Јаблонец 2

ГРУПА Л

БАТЕ Борисов – Челси 0:1

МОЛ Види – ПАОК 1:0

Табела: Челси 12, МОЛ Види 6, ПАОК 3, БАТЕ 3

БАТЕ – ЧЕЛСИ

ЛАЦИО – МАРСЕЈ

АПОЛОН – АЈНТРАХТ

ВИДИ – ПАОК

АКХИСАР – СЕВИЛЈА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари