Будуќност со сензација против Барса, Олимпијакос поразен во Литванија (видео)

epa07213438 Kevin Seraphin (R) of FC Barcelona Lassa in action against Danilo Nikolic (L) of Buducnost Podgorica during the Euroleague basketball match between Buducnost Podgorica and FC Barcelona Lassa in Podgorica, Montenegro, 06 December 2018. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC epa07213438 Kevin Seraphin (R) of FC Barcelona Lassa in action against Danilo Nikolic (L) of Buducnost Podgorica during the Euroleague basketball match between Buducnost Podgorica and FC Barcelona Lassa in Podgorica, Montenegro, 06 December 2018. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Шампионот од АБА лигата, Будуќност полека се навикнува на „животот“ во Евролигата, откако во „Морача“ успеа да ја собори големата Барселона со драматични 67:64 во 11. коло од Евролигата.

Победникот на мечот беше неизвесен цел меч, пред домаќините пред својата публика да останат посмирени  откако во последната четвртина се влезе со 46:46. Немања Гордиќ и Ерл Кларк имаа по 12 поени за тимот на Александар Џикиќ, додека за каталонскиот клуб најефикасен беше Адам Ханга исто така со 12 поени.

Во другите мечеви, Баерн Минхен стигна до петтата победа по двете домашни победи, триумфирајќи со 72:65 над рускиот Химки, кои во составот го немаа Алексеј Швед . Нихад Ѓедовиќ имаше 14 поени, а 13 Владимир Лучиќ.

Жалгирис пак, предводен од Нејт Волтерс и неговите 14 поени, со 83:75 го победи тимот на Олимпијакос, Макаби се врати со неверојатна последна четвртина за 73:71 победи на гости кај Дарушафака, додека Гран Канарија го изненади Милано со 86:94.

ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО

Будуќност – Барселона 67:64 (14:15, 17:18, 15:13, 21:18)

Дарушафака – Макаби Тел Авив 71:73 (17:17, 25:19, 20:15, 9:22)

Жалгирис Каунас – Олимпијакос 83:75 (19:29, 21:19, 20:11, 23:16)

Баерн Минхен – Химки 72:65 (16:16, 15:12, 23:22, 18:15)

Милано – Гран Канарија 86:94 (22:20, 18:28, 23:23, 23:23)



извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари