„Брате мој, те чека сообраќајна несреќа“ – му рекол соиграч на Дражен Петровиќ

" alt= " alt=

Кошаркарот Мирко Миличевиќ играл заедно со легендарниот Дражен Петровиќ во хрватска Цибона.

По толку години од страшната сообраќајка која беше кобна за „кошаркарскиот Моцарт“, Миличевиќ тврди дека ја предвидел сообраќајката во Германија, тој 7 јуни 1993 година.

„Ова го немам кажано на никого досега. Дражен беше мој драг пријател, во 1990-та година му реков дека нешто ќе се случи, а тој ме погледна како што ме погледна. Бев во Марбела во 1993-та година кога ја слушнав веста на телевизија дека тој загинал. За жал јас три години претходно му кажав што ќе се случи“ – рекол Миличевиќ за српски „Телеграф“.

Екс-кошаркарот детално опишал како се одвивал нивниот разговор.

-Бевме јас, Ацо Петровиќ и Дражен. Подоцна пристигна и неговата тогашна свршеница Рената. Пријде Дражен и ми кажа „Ајде гениј, да погледнеш, треба да се земеме“. Сакаше да му гледам на дланка, ја погледнав нејзината, а потоа и неговата и не кажав ништо. Ме праша, што сум видел, а јас му кажав „Слушај, ако ти се ожениш со Рената, јас ќе го оженам Адолф Хитлер, а јас сум поблиску до Хитлер него ти до Рената. Му реков да се фокусира на кошарката“ – вели Миличевиќ.

По неколку месеци тој повторно го прашал, по што тој му одговорил дека него го чека сообраќајна несреќа и Господ да му биде на помош.

Екс-кошаркарот на Цибона вели дека способност ја наследил од својата баба која била видовита.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари