Берлускони: Роналдо е добрa вест за италијанскиот фудбал, но не и за Милан

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, оцени дека доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ќе има позитивно влијане врз италијанскиот фудбал, но ќе биде многу непогодно за „росонерите".

- Доаѓањето на играч како што е Кристијано Роналодо во Серија А е добра вест не само за Јувентус, туку и за целиот италијански фудбал. Му честитам на Јувентус, на неговото раководство и на навивачите. Меѓутоа, ова врз Милан ќе има ужасно влијание, истакна Берлускони.

Тој мината година го продаде Милан, откако 30 години клубот беше во негова сопственост и во овој период ги постигна најголемите успеси.

Милан во моментов се наоѓа во сериозна финансиска криза, а новиот сопственик Ли Јонгхонг се обидува да го продаде. Во меѓувреме клубот беше исфрлен и од европските натпреварувања поради прекршување на правилото за фер плеј.

Поврзани

Најнови вести

Коментари