Бабунски се збогува со вардарци

Фудбалскиот клуб Вардар остана без тренер на само три дена пред реванш натпреварот од првото коло во квалификациите за Лига Европа против ерменски Пјуник.

- Вардар денеска донесе одлука за разрешување на досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски и тој повеќе нема да ја води екипата на „црвено-црните". На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме многу успех во иднина, соопштија од фудбалскиот клуб.

Бабунски беше назначен за тренер во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски и го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, како и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа.

Вардар на реваншот против Пјуник ќе го предводи досегашниот помошник тренер Александар Васоски

Поврзани

Најнови вести

Коментари