Англичаните кројат план - сакаат да бидат домаќини на Мундијалот

Англиската фудбалска федерација (ФА) потврди дека нарачала изработка на физибилити студија за можна кандидатура за организација на Светското првенство во 2030 година, потврди претседателот, Грег Кларк.

Англија, која досега имаше една организација на Мундијалот во 1966 година, кога ја освоија и титулата, претходно имаше неуспешна кандидатура за 2018 година. Следното СП во 2022 година ќе се одржи во Катар (и тоа на зима), додека во 2026 година, првенството патува во САД, Канада и Мексико.

„Минатиот месец бордот на ФА се согласи за изработка на физибилити студија за можност да се биде кандидат за организација на СП во 2030 година. Одлуката нема да биде донесена до 2019 година", вели Кларк.

Англичаните би имале ривал за 2030 година, откако Аргентина, Уругвај и Парагвај потврдија дека ќе се обидат да го донесат мундијалот повторно во Јужна Америка. Тие претходно најавија дека очекуваат кандидатура на Англија, најверојатно со другите делови од Обединетото Кралство (Шкотска, Велс и Северна Ирска)

Поврзани

Најнови вести

Коментари