Зошто стана политички актуелен бизнисот со реклами на автобусите?

ЈСП „Скопје" заработува само илјада денари месечно за брендирање на еден автобус, поради штетниот договор со фирмата „Маратон", кој во јуни лани го склучила минатата градската администрација, го информираше вчера Советот на Скопје градоначалникот Петре Шилегов.

Сообраќајното претпријатие идната година ќе треба да добие субвенции од 250 милиони денари заради тешкотии во работењето. Една од причините за таа состојба, според Шилегов, е и овој договор, од кој ЈСП би можел да профитира многу повеќе, пишува Независен.

Советникот од Социјалистичката партија, Јован Лазарев, посочи дека многу граѓани се против новиот тип реклами кои го прекриваат целиот автобус бидејќи ја спречуваат прегледноста.

„Граѓаните се чувствуваат како да се наоѓаат во тунел, покриени се и прозорците, па не знаат на која постојка се наоѓаат", рече Лазарев.

ЈСП, информира Шилегов, според договорот во секое време да мора да обезбеди одреден број автобуси на кои ќе бидат поставувани реклами на надворешната страна и на дисплеите внатре во возилата, а за тоа добива минимален надомест од околу седум илјади денари, што е нелогична и неекономска сума, бидејќи откако ќе се минусираат сите трошоци, на ЈСП од реклама на еден автобус му остануваат само илјада денари месечно.

„Договорот е склучен на десет години, но во моментов правиме сè да го раскинеме бидејќи е штетен. Дотогаш граѓаните ќе мора да се возат во тунел", вели Шилегов.

Извор: независен

Поврзани

Најнови вести

Коментари