Започна акцијата за чистење на Зоолошката градина во Скопје

Утринава, екипи на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ започнаа со расчистување на високите треви, живеалиштата, како и ботаничката градина во Зоолошката градина во Скопје.

Директорите на претпријатијата, Адриан Муча и Абдусамед Шабани најавија дека ќе продолжи соработката со „Зоолошка градина Скопје“ се до нејзино финално расчистување, а ЈП „Комунална хигиена“ донираше и 50 канти за отпадоци кои се неопходни за Зоолошката.

Од Зоолошката градина информираат дека ова е првиот чекор од проектот „Европска Зоолошка за европско Скопје“, а ќе се работи интензивно се до конечно расчистување на омиленото катче на најмладите. Напоредно се работи и на нови инвестиции кои ќе придонесат за благосостојба на животните, како и за усовременување на постојните живеалишта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари