Турнир за лицата со попреченост во Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во организација на Сојузот на телесни инвалиди под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски се одржа турнир на кој лицата со попреченост беа спортски активни, се натпреваруваа.

По завршувањето на настанот Темелковски во просториите на Сојузот за телесни инвалиди на Општина Кисела Вода разговараше со натпреварувачите за нивните потреби, а на најдобрите им подели признанија и награди. Темелковски даде ветување дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да им дава поддршка и да им биде на располагање.

Неодамна, на иницијатива на градоначалникот Темелковски Општина Кисела Вода го реализира проектот „Спортуваме, другаруваме“ за дечињата од двете специјални училишта кои се наоѓаат на нејзина територија. За таа цел, Темелковски ги посети децата во специјалното училиште ПОУ „Д-р Златан Сремец“ при што им подели 120 маици и ги проследи нивните спортски активности кои ги изведоа во холот на училиштето. Воедно, градоначалникот за следната година најави дека Општината ќе го снабди училиштето со спортски реквизити кои ќе ги мотивираат децата повеќе да спортуваат, а ќе можат да ги користат и спортските сали во Кисела Вода.

Исто така, во рамки на истиот проект во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ секретарот на Општината, Александар Алексовски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги посетија учениците во оваа училиште кои пред нив ги покажаа своите спортски способности. Тие играа гол бол со претставници од Општината.

Во ПОУ Златен Сремец – Град Скопје, во рамки на Европската недела на спортот, во организација на Агенцијата за спорт и млади со поддршка од Општина Кисела Вода се одржаа активности на кои претставници од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, и Федерација за пречки во развој, слепи и глуви се запознаа, се дружеа и спортуваа со дечињата.

Градоначалникот Филип Темелковски апелира за подигнување на јавната свест кај луѓето како заеднички би им помогнале на лицата со инвалидност да имаат достоинствен живот без бариери и дискриминација, да имаат еднакви права со сите останати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари