Сообраќајот во центарот на Скопје ќе биде блокиран поради протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17.00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од  тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во центарот на Скопје, во периодот непосредно пред и за време на одржувањето на протестот.

„Протестот ќе има релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата ‘Даме Груев’, право по улицата ‘Васил Главинов’, право по булеварот ‘ВМРО’, лево по булеварот ‘Илинден’ до пред зградата на Владата“, се наведува во соопштението на МВР.

Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари