Со „голф“ удрил во луѓе на пешачки премин, а потоа избегал

Вчера на пешачки премин на тетовската улица „Браќа Миладинови“, автомобил марка „голф“ без регистарски ознаки удрил во двајца пешаци на возраст од 22 години.

По инцидентот, возачот без да застане го напуштил местото на настанот. Пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на тетовската полиција од каде преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари