Се чисти снегот и мразот од скопските улици

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден, но и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

„Приближно 80 работници се ангажирани за расчистување на централното градско подрачје, Старата чаршија, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Државната болница и поликлиниката Бит Пазар. Воедно се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите, со цел да се овозможи проодно движење на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Од ЈП „Комунална хигиена“ посочуваат дека со ваквите активности ќе продолжат и во текот на ноќта.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари