Се чистат сливниците и делови од коловозите во Скопје

По вчерашните врнежи на снег, екипите на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје во раните утрински часови излегоа на терен и започнаа со расчистување на сливниците и делови од коловозот, информираат од Јавното претпртијатие.

Оттаму посочуваат дека по најавите од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, дека и во текот на денешниот ден се очекуваат интензивни снежни врнежи, нивните екипи ќе останат на терен се со цел да се овозможи проодност на коловозите во градот Скопје, но и непречено функционирање на канализационата мрежа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари