Се чистат коловозите и тротоарите во Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари, информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека во текот на изминатата ноќ поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“.

„Фрлени се 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Вчеравечер и утринава, покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 80 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.

Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму на возачите им препорачуваат да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, како и истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба.

До граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти, од Град Скопје, пак, апелираат да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари