Полицијата заплени 50 килограми марихуана во Струмичко

Полицијата заплени 50 килограми марихуана во Струмичко. Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.К (26) од село Селемли, општина Богданци и Д.Т (33) од село Владевци, општина Василево, како и против уште едно, засега непознато лице, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Врз основа на добиени оперативни сознанија за недозволена трговија од страна на соодветните служби при СВР Струмица завчера и вчера беа преземени координирани активности и мерки за расчистување на случајот. Така вчера во раните утрински часови, односно околу 3,30 часот на локација од патниот правец Струмица- село Добрашинци, затекнат е второпријавениот Д.Т. кај кој биле пронајдени околу 50 килограми опојна дрога марихуана.

Тој дрогата претходно ја примил од првопријавениот К.К. По ова Д.Т. е лишен од слобода и приведен во полициска станица. Истовремено, од превземените мерки и активности утврдено е дека дрогата била доставена од Скопје, од засега непознато лице кое што управувало патничко моторно возило “VW-Phaeton“ со чешки регистарски таблички. Во моментов од страна на СВР-Струмица се преземаат дополнителни и интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на првоосомничениот К.К., како и на идентификување на непознатото лице, возач на возилото, коешто, пак, е веќе пронајдено во Кратово и предадено за крим-техничка обработка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари