Почна реконструкцијата на стариот Качанички пат во Визбегово

Почна реконструкцијата на стариот Качанички пат во Визбегово. Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, беше на самото место да ги увиде градежните зафати на улицата.

Станува збор за дел од патот што води покрај бензиската пумпа, во должина од 230 метри и широчина од 7 метри. На реконструираниот стар Качанички пат ќе бидат поставени тротоари и канделабри по должината на улицата, со што се подобрува како сообраќајот така и безбедноста на пешаците во овој дел од Визбегово.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари