Петре, добро е, се навикнавме!

„Петре добро е се навикнавме" е насловот на оваа фотографија која е дел од реакцијата на твитерџиите за нездата на комарци со која се соочуваат скопјани деновививе.

Градот Скопје за престојниот викенд најави ново прскање против комарци. Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август – в сабота и недела во раните утрински часови, додека терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август (од недела до четврток) во периодот од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Комарците се главна тема на социјалните мрежи, но и ги полнат амбулантите со деца, кои се почувствителни на убоди од комарци. Кај некои од нив отоците се поизразени, инфицирани, па пијат и антибиотици.

За комарците се пошегува и Перо Антиќ, кој во ресторан нарачал два аутана на сметка на Шилегов.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари