Оваа кривина е фатална кај Скопјанка. И вечерва беше кобно (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата кај Скопјанка во населбата Аеродром, а неколку лица се повредени.

Учесници во несреќата се четири автомобили.

ПРОЧИТАЈТЕ: Мотоциклист дигна во воздух велосипедист пред Скопјанка

ПРОЧИТАЈТЕ: ОБНОВЕНО: Загинати во улична трка во Аеродром?!

ПРОЧИТАЈТЕ: Пожарникари вадеа приклештен возач, велисипедист заврши во Ургентен

ПРОЧИТАЈТЕ: Тешко повреден скопјанец пред „Скопјанка", прегазен и велосипедист на „Трета македонска бригада"

Како што раскажуваат очевидци, три од патничките возила штотуку тргнале на семафорите, а тогаш во нив со голема брзина влетал четвртиот автомобил.

На крстосницата има слабо осветлување и намалена прегледност.

Засега нема подетални информации за повредените лица кои се пренесени со брза помош на клиниките.

Полицијата е излезена на местото на настанот и врши увид.

Поврзани

Најнови вести

Коментари