МОДОМ предлага зелена пешачка зона во центарот на Скопје

Младинската организација на ДОМ – МОДОМ има конкретен предлог до Град Скопје и до надлежните институции во врска со енормното загадување на воздухот. По примерот на повеќе европски зелени метрополи, каде што строгиот центар на градот е претворен во пешачка зона, МОДОМ предлага улицата Димитрие Чупоски од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај Собранието на Република Македонија, да биде зелена зона за пешаци, велосипедисти и возилата за јавен транспорт.

„Се надеваме дека овој предлог ќе наиде на позитивен прием кај граѓаните, бидејќи тој е во интерес на зачувувањето на нивното здравје, на елиминирањето на постојаниот сообраќаен метеж во Центарот на градот и на загадувањето на воздухот од издувните гасови на возилата. Очекуваме овој наш предлог за проширување на пешачката зона во строгиот Центар, градските власти сериозно и итно да го земат предвид и да го реализираат во најбрз можен рок. Со тоа и имиџот на центарот на градот може да добие нов подобар и поатрактивен лик, со нови содржини пријатни за скопјаните и привлечни за туристите“, велат од МОДОМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари