Макети на спомениците од Скопје 2014 се селат во барокната гаража на ПОЦ

Макети на неуспешните споменици од проектот Скопје 2014 денес се преселуваа во катната гаража на ЈП „Паркинзи Општина Центар". Макетите со камиони се носеа од урбаната заедница Дане Крапчев во магацинскиот простор на катната гаража за да бидат на сигурно и под 24-часовен надзор, пренесува СДК.

„Станува збор за макети кои биле доставени на јавниот конкурс за изглед на споменици уште во 2007 година. Ова се макети од решенијата кои не биле избрани. Досега со години стоеја во урбаната заедница Дане Крапчев, но таму не е сигурно и затоа решивме да ги донесеме во катната гаража каде имаме 24-часовен видео надзор", вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари