„Комунална хигиена“ го расчистува снегот низ скопските општини

Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини, информираат од ова јавно претпријатие.

„Во целост беше расчистено централното градско подрачје, како и реонот околу Соборниот храм, а беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на мостовите и на Старата чаршија“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, во зависност од временските прилики и состојбата на терен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари