„Гоце Делчев“ е првото основно училиште во Аеродром што премина на греење со пелети

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење, заменувајќи го досегашниот систем на нафта, информираат од општина Аеродром.

„Ова е прво училиште во Општина Аеродром што премина на ваков систем на загревање и се надевам дека во наредниот период и другите училишта во нашата општина што се загреваат на нафта ќе го следат овој пример“, изјави градоначалникот на општината, Златко Марин.

Тој заедно со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска го посети училиштето и изврши увид на новиот котел што работи на пелети.

Котелот на пелети е набавен од Општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.

Марин додаде дека се очекува трошоците за греење на овој објект да бидат препопловени, а како што истакна уште поважно е тоа дека со ваквиот начин на загревање ќе се даде голем придонес за намалување на загадувањето на животната средина и на амбиенталниот воздух.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари